Каде е правичната застапеност?, прашуваат партиите од македонски блок






Преку партиски соопштенија и реакции на социјалните мрежи, политичките партии од македонскиот блок изразија незадоволство во врска со одлуката за вработувања на медицински персонал во општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар.

„Важи ли правичната застапеност, на која се повикуваат поединци (ама само тогаш – кога им одговара), за вработувања во гостиварската општа болница!? Погледнете убаво и уверете се дали и како се спроведуваат во Гостивар балансерот и Бадинтерот.“, реагираше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска приложувајќи фотографии од документи од одлука за избор на кандидати за вработувања, на која од 10 доктори на медицина, 10 медицински сестри, еден биохемичар, 3 физиотерапевти, и еден рентгенолошки техничар има само две лица од македонска националност.
„Со денешната одлука за избор на кандидати за вработување во ЈЗУ Општа болница “др. Ферид Мурад” Гостивар, се случи грубо кршење на начелото за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници при вработување во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа, согласно Уставот на РСМ и позитивните законски прописи. Недозволиво е, никаде во Македонија, а особено не во град каков што е Гостивар, кој што е синоним за мултиетничноста и соживотот, да се вработуваат кадри од само една етничка заедница, без притоа да се води грижа за СИТЕ граѓани кои живеат во општината. Имајќи го во предвид погоре наведеното, го повикуваме директорот на болницата, да ја преиспита одлуката која предизвика бура од реакции и вознемиреност кај граѓаните.“, наведе општинската организација на СДСМ Гостивар во својата реакција за одлуката за вработувања.

Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гостин: д-р Агим Јакупи

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: