Украинците се сомневаат дека чеченскиот лидер Рамзан Кадиров жив го закопал својот лекар.
Тој наводно, го обвинил неговиот личен лекар и поранешен вицепремиер Елхан Сулејманов за ненадејното влошување на неговото здравје во последните месеци.
Според извори од рускиот Telegram канал VChK-OGPU, лекарот не го виделе од октомври лани.
„Дури се шпекулира дека е жив закопан“, беше објавено на Telegram каналот.
Инаку, како што пишува рускиот канал, Кадиров примил инјекции, по што му се слушило. Кадиров сметал дека лекарот сакал да го убие.
Сулејманов е сменет од вицепремиер во текот на ноќта во октомври 2022 година. Официјалната изјава тогаш беше дека поднел оставка по своја волја. Лекарот по националност е Лезгин, а не Чеченец. Претходно, медиумите пишуваа дека Кадиров наредил ликвидација на чеченски пејач затоа што се ракувал со него, а бил геј и тоа за Кадиров било навреда.