Кадиров се закани: Ќе влезам со тенк во Киев

Американските тенкови „Абрамс“ се детски колички на педали во споредба со модернизираниот советски борбен тенк „Т-72“, ​​рече чеченскиот лидер Рамазан Кадиров.

Кадиров се закани: Ќе влезам со тенк во Киев

„Ова е вистинска моќ! Надоградениот советски тенк ‘Т-72’! Усовршен и подобрен. Со удобноста и практичноста на „Мајбах“. Има дури и камера за возење рикверц, за да не случајно згмечите некого, или обратно, да згмечи ако има потреба. Ја надминува странската опрема по борбена моќ, контрола, заштита и лесно користење. Кај него секој напад е како риболов на јахта – задоволство“, напиша Кадиров на Телеграм.

Тој додаде дека тенкот „Т-72“ е спектакуларен, препознатлив и има застрашувачки изглед.

На таков тенк ќе влеземе во Киев и ќе извршиме денацификација, кршејќи ги тенковите Абрамс како ореви! Чекајте не!“, порача лидерот на Чеченија.

Западните политичари постојано зборуваат за тоа како Украина мора да ја победи Русија на бојното поле и се повеќе му доставуваат оружје на Киев.

За возврат, Кремљ одговори дека „воената помош нема суштински да реши ништо, туку само ќе ги продолжи конфликтите и страдањата на украинскиот народ“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.