Едно неодамнешно истражување покажало дека забавувањето со апликации на телефонот од страна на родителите, наместо играње со нивните деца, има штетно влијание на врските помеѓу нив и предизвикува проблеми во детското однесување.
Какво влијание има „зјапањето“ во телефоните од страна на родителите врз нивните деца?
Децата кои не добиваат доволно внимание и поддршка од родителите воглавно се фрустрирани и хиперактивни. Во истражувањето учествувале 183 пара родители и нивните деца на возраст до 5 години. По набљудување на нивното однесување се заклучило дека децата се гневни и имаат изливи на бес.
Во период од шест месеци родителите поднесувале извештај за нивната употреба на технологијата и го опишувале однесувањето на нивните деца. Во речиси сите случаи, времето поминато со разни уреди, дури и кога тоа било еднаш дневно, ја прекинувало квалитетната комуникација помеѓу родителите и детето. И мајките и татковците забележале дека тоа имало влијание на однесувањето на детето, а нив пак, им се зголемувало нивото на стрес.
За жал оваа ситуација е многу честа во 21-виот век. Родителите се навикнати да трошат време на популарните апликации и медиуми со цел да направат пауза. На пример, американските родители поминуваат најмалку 9 часа дневно гледајќи телевизија, сурфајќи на Интернет на нивниот компјутер или на нивниот смартфон. Ако покрај тоа родителите се незадоволни и од семејната ситуација или социјалниот живот, уште толку ќе се потпираат на дигиталната технологија. Некои родители користат технологија со цел да одморат од децата, дури и кога тие имаат потреба од нивното внимание.
Во истражувањето се нагласува дека главен фокус треба да биде директниот контакт и комуникацијата со детето. Експертите препорачуваат секој ден да се одреди период во кој нема да се користи технологија и кој родителите ќе го поминуваат со децата во парк, макар и да читаат весник додека ги надгледуваат. Ова многу помалку го нарушуваат односот помеѓу детето и родителите за разлика од ситуациите во кои има технолошки уреди помеѓу нив.