Каков партнер сте според вашата крвна група?

Дали сте знаеле дека Јапонците применуваат метода на анализа на крвната група кога ги бираат партнерите, а особено брачните партнери? На тој начин проверуваат дали новата врска ќе има иднина.
Одамна е прифатена и теоријата дека на основа на крвната група може да се направи точен психолошки профил на некој човек, па еве како изгледа тоа кога ќе се преведе на полето на љубовта.
Крвна група А
Жените со крвна група А изледаат како студени личности, а мажите се потпoлно верни и посветени. И двата пола се подготвени да се жртвуваат за семејството и да преземат одговорност за своите последици. Мажите коишто ја имаат оваа крвна група не им се допаѓаат на жените на прв поглед, но кога ќе ги освојат, ќе им покажат дека се вредни за нивното внимание.


Крвна група Б
Интересни и повлечени, на прв поглед изгледаат како да се затворени во себе. Жените од партнерот очекуваат нежност, посветеност и верност, но и постојано да им изразува љубов.
Тие потешко одлучуваат да стапат во брак, но такви се и мажите кои ја имаат оваа крвна група. Кога ќе стапат во брак, подготвени се да направат сè за партнерката.
АБ
Жените коишто ја имаат оваа крвна група ги бираат партнерите со авантуристички дух. Кога ќе забележат дека доаѓа времето да се зближат повеќе или да стапат во брак, тие бегаат колку што ги држат нозете. Мажите се големи заводници, но тие се посуптилни и повлечени личности.
0
Жените со нулта крвна група имаат потреба да се потврдат себеси преку бракот и семејството, а тогаш владеат од зад кулисите, сметајќи го професионалниот успех преку нивниот маж.
Мажите се поврзани со семејството, но тие се против секојдневната монотонија затоа што сакаат да се забавуваат постојано.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.