Поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски е осомничен за повеќе финансиски малверзации за време на неговиот мандат во општина Карпош. Едно од делата за кои е осомничен е за легализацијата и продажбата на државно земјиште во населбата Карпош 3, кое е откупено од државата за 191.000 евра, а потоа експресно продадено за 600.000 евра.
Јакимовски е осомничен за легализација и продажба на земјиштето кое се наоѓа кај поранешниот ресторан „Имес“ во населбата Карпош 3. Парцелите се отуѓени за само 11 илјади евра и ги купила фирмата „Гром промет“, а потоа ги продала за 600.000 евра на фирмата „Дабар ДООЕЛ“.
Во време кога „Гром промет“ го купил земјиштето се водело како земјиште под објект, односно местото каде се наоѓаше „Имес“. А, „Гром промет“ доплатила уште 180.000 евра за легализација на објектот. Постапката за легализација почнала во 2011, а објектите, биле легализирани во 2015 година.
Веднаш по легализацијата, земјиштето било продадено на компанијата „Дабар ДООЕЛ“, кои на „ГРОМ промет“ му платиле 508.000 евра и плус 91.000 евра за данок на државата.
На локацијата во моментов при крај со изградба се две згради. Едната ја гради „Дабар ДООЕЛ“, а другата фирмата „Тим инжинеринг“. На 50 метри подолу на булеварот „Илинденска“ две згради гради и „Елена Лука Хоме“ ДООЕЛ Скопје.
Според официјалното соопштение на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, дејството се случувало од 2011 до 2017 година, а освен Јакимовски осомничени се уште осум лица за Злоупотреба на службената положба и овластување и постапиле спротивно на „Законот за постапување со бесправно изградени објекти“.
„При што на времени објекти им дозволиле вклопување во урбанистичко планската документација и нивно впишување во јавните книги за недвижности како легални објекти. Воедно овозможиле на правни и физички лица со „Постапка за отуѓување на градежно земјиште сопственост на РМ со непосредна спогодба на сопственици на објекти или посебни делови од објекти за кои е донесено решение за утврдување на правен статус на бесправен објект врз основа на кое се запишани во јавната книга на недвижности“, незаконски да се стекнат со право на сопственост на објекти и ексклузивно право на откуп на земјиштето под објектот. На тој начин, било отуѓено градежно земјиште под објект во сопственост на РМ со површина од 1533 м2, како и градежно земјиште под и околу објект со површина од 722 м2. Во 2016 година овие земјишта како градежно неизградено земјиште имале вредност од најмалку 27.594.000,00 денари, односно 12.996.000,00 денари“, пишува во соопштението од Јавното обвинителство.
Поднесена е и кривина пријава за помагање против лицата сопствениците на фирмите ГРОМ дооел Скопје, на ЕМАГ дооел Скопје, ДОТ Мебел ДООЕЛ Скопје и физичкото лице Т.К. за кривично дело поттикнување во врска со злоуптреба на службената положба.
Како што соопшти МВР, според обезбедени документи во истрагата, Јакимовски како градоначалник на Карпош, T.Ѓ. како поранешен раководител на Одделението за недвижен имот и постапка за експоријaција во секторот за правни работи во Општината, В.С како виш соработник во Одделението за спроведување на урбанистички планови во Секторот за урбанизам во Карпош, М.Т вработена во Одделението за просторно и станбено планирање и Р.Д вработена како извршител на работи од областа урбанизмот вр архитектонски планирања во Карпош, од од 2011 2017 година ја злоупотребиле својата службена положба и ги пречекориле границите на своите службени овластувања.
Тие иако знаеле дека не смеат, позитивно одговориле на поднесени барањата ГРОМ Промет, ЕМАГ, Дот Мебел и од физичкото лице Т.К за лгализација на времени објекти – бараки на улицата „Илинденска“ на градежно неизградено земјиште во сопственост на државата, иако објектите согласно законските одредби не смееле да бидат предмет на постапка за легализација на бесправно изградени објекти.