Како да ги привлечете момчињата?

Постојат моменти кога се прашувате каде се сите слободни момци и зошто никој не ви се приближува. Наместо да чекаат за нив да се појават, еве што треба да направите вие, за да ги привлечете.
Тоа е полесно отколку што мислите! Најважно е да се излезете и широко да ги отворите очите.
Привлечете го со вашиот шарм
Привлечноста е универзален феномен, и кога станува збор за личност, постојат некои карактеристики кои се подеднакво привлечни за мажите и жените. Значи, кога размислувте за тоа како да привлечат момче, размислете на она што вас може да ве привлече.
Размислeте: кога ќе се сретнете со еден човек, не постои ништо понепривлечно од молчење или депресивно однесување. Луѓето ги привлекуваат среќни и сигурни луѓе. Фокусирајте се на тоа да ја покажете вашата голема личност, а жалењето оставете го за пријателите.
Ако сте склони кон песимизам , ви препорачуваме секој ден на хартија да ги напишете трите работи за кои сте благодарни, дали е тоа семејството, пријателите и прекрасните спомени, нешто што ви е посебно. Ова ќе ве охрабри на позитивно размислување, а со тоа ќе ги привлечете сите момци околу вас.
Нека се чувствува добро во ваша близина
Мажите сакаат кога ќе им поделите комплимент. Дури и тие не се имуни на ласкање. Не плашете се да им упатите повремени комплименти за неговите секси бицепси, шармантна насмевка и одличната смисла за хумор.
Ако направи нешто убаво за вас, ве изнесе на вечера, ве одведе некаде или ви даде комплимент, покажете му дека го цените тоа.
Ловете
Познато е дека повеќето момци сакаат да ловат, но сепак потребно им е  мало охрабрување. Секако, иако изгледа дека момците го прават првиот чекор, факт е дека жените го прават тоа, и тоа со нивниот поглед. Според јазикот на телото, мажите треба да ги погледнете барем три пати за тие да го забележат тоа. Гледајте кон нив и задржете го погледот не повеќе од 20 секунди, потоа повторете. Додадете малку насмевка, да не делувате премногу сериозно.
Кога ќе ви пријде некое момче, немојте веднаш да му се наметнете и да му кажете колку ви се допаѓа, бидете малку мистериозни во оваа фаза.
Не делувајте застрашувачки
Ако сакате да ве покани на состанок, обидете се да го ослободите. Внимавајте говорот на вашето тело да биде топол и пријателски, избегнувајте нагли движења со рацете и рамената, држете се исправено и бидете насочени кон него.
Не бидите премногу љубопитни, последно нешто што треба да го прашате момчето кое штотуку сте го запознале е каде живее, што работи, каков автомобил има и сл.
Нема да запознаете никого, ако седите дома
Ако седите дома, единствениот човек кој ќе го запознаете е поштарот, кој најверојатно е зафатен.
Најважно е да излезете некаде каде што момците можат да ви пријдат. Размислете за потенцијалните места каде можете да запознавате момчиња. Флертувајте. Дури и ако никој не ви пријде, ќе се забавувате.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Постојат моменти кога се прашувате каде се сите слободни момци и зошто никој не ви се приближува. Наместо да чекаат за

Пронајдете не на следниве мрежи: