Полска стана првата репрезентација која испадна од ЕП, но еден навивач „не можеше да го следи“ натпреварот против Австрија (1:3) од трибините, бидејќи неговото седиште на стадионот беше директно зад широкиот дирек. Очекувано, фотографијата стана хит на интернет.Навивачот кој си го платил билетот 60 евра објавил фотографија на која се гледа дека теренот е заматен од голем столб, на што се пожалил.„Шеесет евра за ова седиште“, напиша на Твитер обожавател по име Даниел, а објавата брзо стана вирална. View this post on Instagram A post shared by 433 (@433)Многумина се прашуваат како е можно воопшто да постои такво место на трибините, особено на стадионите во Германија, а му продале и билет за мечот на ЕП.Да потсетиме, Полска претрпе порази од Холандија и Австрија, а мечот од последното коло против Франција нема да има никакво значење за нив.
Пронајдете не на следниве мрежи: