Како да се ослободите од мравките во куќата?

Мравките кои се собираат околу растенијата или на кое било друго место во куќата можат да бидат уште поизразени во летните месеци.

Сепак, доколку немате репеленти, можете да се ослободите од нив со состојки кои ги имате во домот.

Потребно е само да ставите малку лимон во шолја или распрскувач и да ги испрскате листовите на растенијата.
Доколку, пак, има премногу мравки, а само лимонот не делува, обидете се да сварите неколку лимони и портокали во обична вода околу 15 минути, а потоа со добиената течност испрскајте ги листовите.

Исто така, можете да измешате една лажичка течен детергент за миење садови во 500 милилитри топла вода, а потоа со смесата испрскајте го растението и просторот околу него.
Бидејќи мравките не поднесуваат зачини, ќе ги избегнат растенијата доколку околу нив посипете цимет, мелено кафе, суво нане, чили пипер во прав.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.