Убавото време го навестува пристигнувањето на летото, а со тоа и појавата на голем број инсекти, особено мравки. Ако не сакате да користите пестициди или имате мали деца или миленичиња во домот, овие природни решенија ќе ви помогнат да се ослободите од мравките. Но, неопходно е да ја одржувате куќата чиста и да не ги оставате остатоците храна на отворено.
Како да се ослободите од мравките на природен начин?
Сок од лимон
Ставете свежо исцеден сок од лимон на критичните места. Лимонската киселина им пречи на мравките и веднаш штом ќе ја почувствуваат, се оддалечуваат од неа. Можете исто така да ставите парчиња лимон во аглите на вашата кујна.
Кора од краставица
Оставете кора од краставица на местата каде што се појавуваат мравките. Кората е отровна за мравките.
Оцет
Оцетот можете да го користите на неколку начини. Можете да го истурите директно на местото од каде што излегуваат мравките ако успеете да го најдете. На тој начин ќе се уништат сите мравки и ќе го спречите нивно повторно појавување.
Исто така, можете да ги испрскате аглите и малите дупки со средство направено од комбинација на оцет и детергент за садови.
Освен тоа, бришете го подот со вода во која ќе ставите оцет. Вашата куќа ќе свети и ќе биде дезинфицира, а мравките ќе исчезнат целосно.
Цимет
Нанесете есенцијално масло од цимет на сите места каде што се појавуваат мравки, а тоа можете да го направите со чепкалки за уши.
Исто така, можете да направите мешавина од половина литар вода и две лажици цимет и испрскајте ги местата каде што се појавуваат мравки.
Освен тоа, можете да користите цимет во прав бидејќи мравките не го поднесуваат интензивниот мирис на циметот и брзо ќе исчезнат од вашиот дом во колони.
Бебешка пудра
Бебешката пудра е уште еден добар начин да се ослободите од мравките. Посипете на сите места каде што се појавуваат мравки.