Како да се справите со анксиозните и паничните напади?






Анксиозността е чувство на општа возбуденост, нејасен страв без очигледен надворешен повод, голем стрес и загриженост. Анксиозните и паничните напади знаат многу често да бидат присутни во секојдневниот живот, еве неколку начини како да се справите со нив:

1. Спроведување на вежби за дишење и паралелно следење на ,„како и што“ чувствуваме во себе:“Внесете редовна практика на техниката со внимателно дишење во вашата дневна рутина. Познати техники за смирување на анксиозност се дијафрагмалното дишење или кутиско дишење.”
2. Освестување за тоа кои емоции ги одбегнуваме или потиснуваме:“Обрнете внимание на тоа како се чувствувате во текот денот, дури и ако чувствата се непријатни.”
3. Промени во исхраната:“Нашиот начин на исхрана има големо влијание врз нашето расположение и нивото на енергија. Обидете се да внесете повеќе овошје, зеленчук и зрнеста храна во секојдневната исхрана. Пијте многу вода и не конзумирајте алкохол и кофеин.”
4. Истражување на позитивни и интересни хобија:“Вклучете се во активности кои ви носат радост и релаксација. Без разлика дали станува збор за цртање, вежбање, планинарење или слушање музика, најдете нешто што секогаш ви носи позитивна енергија.”
5. Медитација – креирање на внатрешно/надворешно сигурно место:“Обезбедете си мирно место со смирувачка музика каде што можете да се опуштите. Затворете ги очите и замислете се на мирно место, како плажа или пријатна соба. Користете позитивни мисли и афирмации за да го смирите вашиот ум.”

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: