Како да се справите со целулитот?

Целулитот е најголемиот непријател на сите жени. Иако нема докажан лек со брзо дејство со кој може да се борите против целулитот, постојат голем број продукти со чии состојки може да ја намалите неговата видливост. Пред се треба да се знае дека не постои строго определена диета, која го лечи целулитот. Меѓутоа со одреден режим на исхрана, здрави животни навики кои подразбираат избегнување на масна и калорична храна, многу вежбање, пешачење, како и соодветна масажа, можат да го направат целулитот помалку видлив и да спречат создавњето на нови наслаги со целулит.

 Ако водите борба со целулитот, тогаш размислете да внесете барем неколку од овие продукти во вашата секојдневна исхрана.
Аспарагус
Овој зелен зеленчук помага во зајакнувањето на вените и на капиларите и го контролира крвниот притисок. Исто така, тој е добар извор на витамините А, Б и Ц.
 Банани
Одлични се за здравјето на крвните садови и имаат позитивно дејство на циркулацијата. Тие се, исто така, добар извор на калиум, витамин Б6 и магнезиум.
Брокула
Содржи алфа-липоева киселина која го спречува стврднувањето и распаѓањето на колагенот, кое се случува кога на него дејствуваат шеќерите. Брокулата е, исто така, добар извор на селен и калциум.
Цитруси
Портокалот, грејпфрутот, лимонот и мандарините се одличен извор на витамин Ц. Портокалите содржат и биофлавоноиди кои ја подобруваат циркулацијата и ги зајакнуваат капиларите.
Риби
Лососот, сардината, туната и пастрмката содржат малку масти, но многу протеини и минерали важни за борбата против целулитот. Исто така, тие се одлични извори на есенцијални омега 3 масни киселини.Целулитот е најголемиот непријател на сите жени. Иако нема докажан лек со брзо дејство со кој може да се борите против

Пронајдете не на следниве мрежи: