Маските за лице станаа неизбежни во изминатите неколку месеци. Но, носењето маска подолго време може да предизвика одредени проблеми со кожата на лицето. Иритацијата од маската најчесто се јавува кај луѓе кои инаку имаат чувствителна или проблематична кожа.
Како да спречите појава на акни предизвикани од носењето маски?
Проблемот се јавува кога бактериите, потта и природните масла што се лачат во порите ќе останат блокирани помеѓу кожата на лицето и маската. Потоа може да дојде до појава на мозолчиња, црвенило и иритација.
За да го спречите тоа, треба да почитувате неколку правила. Како прво, не заборавајте да го миете лицето редовно.
Соодветната хигиена ја намалува можноста за развој на бактерии, а тоа е токму она што сакате да го постигнете. Исто така, важно е да користите хидратантни кремови бидејќи тие го зачувуваат здравјето на вашиот епител и формираат заштитна бариера помеѓу лицето и маската.
Сведете ја шминката на минимум. Одлучете се за полесни производи за да ѝ овозможите на кожата да дише додека е покриена со ткаенина. Ако можете, користете меки памучни маски бидејќи тоа ќе го намали триењето и иритацијата од маската. На крај, не заборавајте да ја исперете маската во машина за перење по секоја употреба.