Како да станете успешен инфлуенсер?

Дали сакате да го замените вашето работно место со инфлуенсер и да заработувате пари создавајќи онлајн содржина?
Па, новата алатка може да ви помогне да тестирате колку сте способни за тоа пред да се осмелите и радикално да го промените вашиот живот.
Всушност, алатката ќе ви покаже колку следбеници ви требаат за да може да заработувате од вашата инфлуенсерска кариера и да ја напуштите редовната работа.
Создаден како дел од платформата за слушање музика, „Lickd“, ‘калкулатор за плати на социјалните мрежи’, како што се нарекува, ги пресметува нивоата на ангажман на платформите што треба да ги постигнете за да можете да заработите идеална плата.


Според страницата, “инфлуенсерите се развиваат многу брзо, а најдобрите меѓу нив заработуваат сериозни суми пари. Не е ни чудно што сè повеќе луѓе сакаат да се откажат од својата работа од 9 до 5, додека околу 22.000 луѓе секој месец пребаруваат ‘како да станете инфлуенсер’ на Гугл платформата“.
Ако сте од тие луѓе, оваа алатка е вашата совршена почетка точка. Според пресметките, едно лице кое сака да заработи 250.000 долари преку социјалните мрежи, мора да има 767 спонзорирани објави на Инстаграм, 59.7 милиони прегледи на Јутјуб и 675 милиони прегледи на ТикТок. Тоа значи дека, за да заработите 34.103 долари, мора да имате 92 милиони прегледи на ТикТок.
Користејќи го калкулаторот за „Marketing Hub YouTube Money“, страната предвидува дека инфлуенсер може да очекува 4.18 долари за секои 1000 прегледи на порталот. Слично на тоа, Инстаграм плаќа од 250 до 350 долари за минимум 5000 следбеници, што може да се промени со нивното зголемување.
Доколку отсекогаш сте сакале да бидете ифлуенсер и да заработувате онлајн, бидете спремни да ги ‘засукате ракавите’ и легално да работите!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.