Како домот да ви биде чист и без чистење?

Доколку не уживате многу во чистењето, а средувањето на домот ви е вистинско мачење, постојат неколку трикови со кои може да ја зачувате хигиената во домот. На тој начин ќе имате повеќе време за себе, а ќе вложувате и помалку напор во чистењето.
Еве неколку совети со кои домот и понатаму ќе ви блеска:
Сè да е на своето место
Секој предмет во вашиот дом треба да е на своето место. За тоа е потребно добра организација и навика, по употребата на некој предмет истиот да го вратите на неговото место.
На тој начин ќе спречите неред во домот.
Фрлете сè што е непотребно и не го користите
Ако поседувате многу работи, значи ќе имате помалку простор и повеќе неред. Ослободете се од работите кои не ги користите, алиштата и обувките кои не ги носите, предметите кои не ги користите.
Чевлите надвор


Навиката да ги соблекувате чевлите надвор од домот може да ве спаси од внесување нечистотии. Со стекнувањето на оваа навика не треба да чистите секојдневно.
Затворени прозорци
Убаво е да се проветрува, но погрижете се прозорците да не бидат предолго отворени, инаку ќе почне да се собира прашина по домот.
Се знае каде се јаде
Многу е важно да имате едно одредено место на кое ќе јадете, кујна, трпезарија или дневна соба и тоа да го правите секогаш на истото место.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.