Како Кевин остана „Сам дома“?

Мал е бројот на оние кои не го гледале барем еднаш, а многу се оние кои го гледале повеќе од еднаш. Еден обожавател тврди дека забележал важен детаљ од филмот што објаснува многу.
Имено, приказната за филмот „Сам дома“ е за осумгодишниот Кевин Мекалистер кој останува сам дома на Божик, кога неговото семејство оди на патување во Франција и тој случајно останува дома. Покрај тоа што е целосно сам во големата семејна куќа, пред него се исправа нов предизвик – двајца провалници кои сакаат да го ограбат.
Прашањето е како неговите родители навистина можеле да го заборават, а одговорот на тоа прашање наводно го има обожавател кој тврди дека го гледал филмот повеќе од педесет пати.
Тој наведува дека одговорот е на самиот почеток, во сцената кога Кевин и неговиот постар брат се расправаат и случајно истураат пијалок на авионски билети и пасоши.
Таткото на Кевин влегува и го расчистува нередот со неколку хартиени салфетки кои потоа ги фрла во корпа за отпадоци. Во еден краток кадар е прикажана содржината на корпата, а меѓу стутканите салфетки е и билетот на Кевин. Кога семејството е на аеродромот, мајката ги пребројува, а наместо Кевин, меѓу семејството ќе се провлече и едно момче кое „влегува“ во пребројувањето, па бројките на мајката се совпаѓаат.
Ова, наведува обожавателот, објаснува како успеале да го заборават и да не сфатат дека детето е оставено дома.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.