Во тек се посните слави, предновогодишните прослави, ни идат и празници како и други прилики во кои претстои прилично големо консумирање алкохол. За да не ве боли главата следниот ден, постои решение за мамурлакот.
Иако многумина откако ќе се разбудат посегнуваат по шолја кафе, за да се расонат и отрезнат, експертите велат дека тоа е најлошата опција. Пиењето кафе може да го пролонгира мамурлакот, а не да ги ублажи негативните ефекти од него.
Доколку не се чувствувате најдобро по мината бурна ноќ, пробајте го овој лек против мамурлак кој пред неколку години е откриен од научници на Институтот за хемиска технологија во Мубмај.
Најдобро решение е пијалак што може да го направите од кокосова вода, лимета и крушка, покрај оброк од кашкавал, домати и краставица.
Оваа комбинација на храна и пијалак помага да се ублажат ефектите од алкохолот за краток временски период,