Дали случајно истуривте храна на седиштето или детето „квалитетно“ размачка кашичка на себе и на седиштето?
Без грижи, не мора да трошите пари на третман за длабинско чистење, бидејќи со помош на овој едноставен трик можете сами да го решите овој проблем.
За чистење на валкано седиште за автомобил или детско седиште, потребни ви се состојки кои веќе ги имате во кујната.
Сода бикарбона, малку бел вински оцет и стара четка за заби. Измешајте три лажици сода бикарбона со малку оцет за да добиете мазна паста. Нанесете ја смесата на нечистата површина со четка за заби и добро истријте. Оставете ја да делува додека пастата не се исуши, а потоа поминете ја дамката со правосмукалка.
После тоа, седиштето треба да биде како ново.