Мажите кои се постари од 40 години, а немаат редовни сексуални односи, изложени се на поголем ризик од еректилна дисфункција, покажаа истражувањата.
Еректилната дисфункција претставува трајна или повремена неспособност за да се постигне и одржи ерекција потребна за сексуалниот чин.
Станува збор за пореметувањето кое значително продира во сите сфери во животот на мажите.
Во младоста еректилната дисфункција е редок проблем и ја имаат само 4 проценти од мажи помлади од 40 години.
Со ризикот од еректилна дисфункција кај мажите кои немаат редовен сексуален однос се зголемува и ризикот од рак на простата.
Истражувањата покажаа дека и честите ејакулации од четири до седум пати неделно го намалуваат ризикот од рак на простата.
Редовниот сексуален живот го чува здравјето на мажите.
Исто така, луѓето кои имаат редовни сексуални односи имаат и низок крвен притисок. Сексот го чува здравјето на срцето и крвните садови.
Истражувањата потврдуваат дека водењето љубов два до три пати неделно го намалува ризикот од инфаркт за 50 проценти, а подеднакво важи и за мозочен удар.
Сексот го намалува стресот и е природен лек против несоница. Освен тоа е одлична вежба за одржување на виткото тело и за слабеење.
Препорачливо е да имате ист партнер, затоа што сексот со повеќе луѓе го зголемува ризикот од сексуално преносливи болести.