Како правилно се чуваат компири?

Можеби ќе се изненадите, но компирот содржи многу малку калории, па затоа кога се готви или пече е здрав оброк. Тоа е здрав избор на хранливи материи, a богат со влакна кои нудат заштита од кардиоваскуларни болести.
И покрај неговите предности, многу е важно да внимавате на тоа како го подготвувате.
Како да чувате компири?
Компирите претпочитаат температура од 7 до 10 степени, но денес повеќето од нас немаат ладна остава за чување храна, па затоа е неопходно да се најдат соодветни услови за чување на храната, а да не станува збор за фрижидер.
Температурата во фрижидерот е обично 4°C и сепак е поладна од она што му одговара на компирот, бидејќи под влијание на студот компировиот скроб се претвора во шеќер. Поради тоа компирите потешко се варат, можат да потемнат, а се менуваат и вкусот и текстурата.
Од друга страна, на премногу топло место, компирите ќе почнат да ‘ртат.
Никогаш заедно компир и кромид
Компирите и кромидот не треба да се чуваат заедно бидејќи побрзо ќе проникнат. Ниту едните ни другите не треба да се чуваат во фрижидер, туку потребно е да се одвојат.
Добар трик за свежина која трае
Ставете неколку јаболка во кутија со компирите. Ова е проверен метод со кој компирот подолго ја задржува својата свежина.
Дали компирот може да биде опасен?
Зелениот компир содржи големи количини на соланин, токсична хемикалија која може да предизвика дијареа, повраќање, гадење, но и главоболки. Во екстремни ситуации, тоа може да доведе до парализа или халуцинации, иако тоа е навистина ретко.
Компирите стануваат зелени поради големата количина на хлорофил. Хлорофилот во суштина е безопасен за здравјето, но доколку забележите интензивна зелена боја, тоа е сигнал дека количината на соланин, која се произведува истовремено со хлорофилот, е зголемена.
Најдобро е да го отстраните тој дел од компирот, бидејќи овој отров може да издржи високи температури дури и кога правите помфрит во длабоко врело масло.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.