Како принцезата Дајана ја одржувала беспрекорната фигура на тело – 2 едноставни и ефикасни начини

Принцезата Дајана е икона на убавината и елеганцијата, па на сите им е јасно дека вреди да се угледаат на неа.
Иако досега сте навикнале да ви ги откриваме нејзините модни трикови, денеска ќе ви ја откриеме тајната на нејзината физичка форма.
Оваа дама можеше да се пофали со својата беспрекорна линија на тело за која што донекаде е заслужна и генетиката, но голем удел во тоа има и тренингот.
Џени Ривит, на која што ѝ ја доверила таа задача, одлучила со читателите на „Daily Mail“ да сподели какви односи имале таа и принцезата Дајана и која програма со вежби одговарала на нејзината клиентка.
Вежби
Степ аеробик популарен во текот на последните две декади од минатиот век, како и кардио вежбите – биле задолжителен дел од тренингот на Дајана. Покрај тоа принцезата практикувала и трчање и долги прошетки кои што особено ги сакала. Како мајка на две момчиња имала „полни раце работа“, но никогаш не дозволувала да го поремети распоредот на вежбање.
Интересно е тоа што Џени Ривит ѝ ја всадила љубовта кон ролерите на Дајана која што таа често ги возела. Секој кој што го практикува тоа, знае колку тие се добри за затегнувањето на мускулите, а поради одржување на рамнотежата ангажирани се и рацете, па и целото тело. Покрај сето тоа, оваа активност е и забавна. Драги дами, пристигнува пролетта, па размислете за тоа.


Исхрана
Во споменатото интервју, Џени Ривит исто така зборувала и за исхраната, односно нејзиното пореметување кога станува збор за принцезата Дајана, а темата е обработена и во серијата „The Crown“. Токму неа принцезата ѝ се доверила и признала дека пати од булимија, па тренингот ѝ бил „вентил“ во тешките животни моменти. Тука пред сè мислиме на разводот и сè што му претходело на истиот.
Не криела дека не ни помислувала дека ќе живее во таков брак. Целосно е очигледно дека принцезата била ранлива и емотивна, далеку од каприциозното опкружување во кралскиот дворец. Таа се борела колку што можела, служејќи се со смиреноста и иронијата, иако проблемите од ден на ден растеле. Посветеноста на вежбањето ѝ помогнало да остане фит и убава, но исто така и подобро да се чувствува однатре.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.