Роденденот на „Кралот на рокенролот“ Елвис Присли, роден на 8-ми Јануари, секоја година се прославува спектакуларно ширум светот.
Милиони туристи го посетуваат неговиот имот во Грејсланд, Мемфис, родното место на Елвис каде што тој живеел а сега е едно од најпознатите и напосетуваните туристички места во светот.
По смртта на Елвис Присли во 1977 година, имотот е претворен во туристичко место, каде посетителите може да го посетат неговиот гроб, да му оддадат почит, да се помолат, или да остават некој свој графит или порака на ѕидовите.
Едно од најатрактивните места за посета на Грејсланд имотот е „Градината за медитација“, изградена од архитектот Бернард Гренадиер, кое го преставува местото на имотот каде што Елвис многу често медитирал и решавал многу проблеми со кои се соочувал.
Доколку беше жив Елвис годинава би наполнил 78 години, не се сомневаме дека некој би останал рамнодушен на неговиот глас и шарм. За тоа зборуваат многубројните хитови што ги оставил зад себе, кои и ден денес се слушаат и ќе останат запаметени вечно. Роденденот на „Кралот на рокенролот“ Елвис Присли, роден