Во жешките летни денови, особено навечер, најидеалното освежување може да се појави во форма на вкусен коктел. Еве како можете да направите Пина колада и убаво да се разладите…
Состојки:
4 крогови ананас
чаша сок од ананас
чаша кокосово млеко
мала чаша за ракија светол рум
една рака мраз
четвртина круг ананас за декорација
Подготовка:
Ставете сецкан ананас во блендер, а потоа истурете чаша сок од ананас и кокосово млеко. Додадете рум, рака мраз и измешајте сè. Истурете го готовиот коктел во чаша и украсете со прстен од ананас.
Уживајте!