Сè што имате во домот и сè што носите со вас може да привлече добри работи ако ги користите на вистинскиот начин. Со помош на овие три совети од фенг шуи, научете како да ја организирате чантата за да ви донесе успех и пари.
1. Чантата не треба да биде отворена
Чувајте ја чантата секогаш затворена, тоа е добра навика и препорачан ритуал за парите да останат во неа. Заради безбедност, секогаш носете ја чантата до вашето тело. За дополнително да ја заштитите од кражба, ставете амајлија во мала преграда и чувајте ја таму.
2. Посветете ѝ внимание
Женската навика да носите сè и сешто во чантата е многу лоша според принципите на фенг шуи. На крајот на секој ден, проверете што е излишно, извадете го и ако е потребно, избришете ги рачките или ременот. Никогаш не оставате ја чантата на подот бидејќи со оваа постапка ги „одбивате“ парите и ви се „исцрпува“ богатството.
3. Изберете боја што носи просперитет
Црвената боја е за среќа и заштита, црната за покачување и успех во кариерата, златната и црвената заедно носат среќа и благослови, виолетовата и сребрата заедно создаваат луксуз и богатство, додека зелената носи повеќе пари и нови добивки.