Како љубовта влијае на организмот

Допаминот е хормон кој создава чувство на пријатност. Поради него, на пример, коцкарите чувствуваат задоволство во игрите на среќа, поврзан е со земањето на дрога, но и – со чувството на љубов. Кога сме заљубени, допаминот се лачи во поголеми количини и тоа создава чувство на меѓусебна припадност.
Но,покрај тоа што е сосема извесно дека хормонот на среќа го лачиме поинтензивно во почетокот на една врска, тој може да биде присутен и во долготрајните љубовни врски.Окситоцинот е хормон кој го лачи хипофизата – тој ги поврзува паровите создавајќи потреба за интимност.
Затоа ни се потребни прегратки, бакнежи и допири.Затоа, ако ви се чини дека не ви е потребно ништо друго освен мирна вечер и добар филм, само вие двајца и никој друг, тоа е најверојатно поради окситоцинот.Иако обично се смета дека тестостеронот е машки хормон, тој всушност е важен за двата пола.Мажите имаат повисоко ниво на тестостерон. Тој се појавува во плунката.


Теоријата вели дека при страсен бакнеж тој хормон се пренесува од партнер на партнер и тоа ја зголемува взаемната сексуална желба.Друга можна состојка во “љубовниот напиток” е норепинефринот. Овој хормон на стресот, го зголемува бројот на отчукувања на срцето и може да биде причина зошто вие е топло и зошто сте збунети кога личноста посебна за вас, ќе ве забележи.Понекогаш ќе почувствувате нелагодност – дланките ќе ви се потат, устата ќе ви се исуши, а зборовите тешко ќе можете да ги изговорите.Нашето тело излачува MHC низ потењето, мирисот на телото и плунката.


Научниците тврдат дека различни MHC типови во поголема мера се совпаѓаат кај луѓе кои се во врска. Истражувањата сугерираат дека на база на мирис и вкус можеме да го детектираме нивото на МНС кај другите луѓе, а тие што повеќе се разликуваат, толку е привлечноста посилна.Љубовта на прв поглед е важна, но и носот има важна улога. Хемиските супстанци на феромонот учествуваат во создавање на сексуалната привлечност.Кога ќе се вљубите во некого, неговиот мирис може во значителна мера да допринесе на тоа”.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.