Турција ќе започне копнена операција на северот на Сирија кога ќе оцени дека е потребно, изјави денеска портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин.
„Операцијата може да започне во секој момент: денес, утре, за една недела. Сè е подготвено за тоа. Ќе започне кога ќе дојде време“, рече Калин во интервју за ТВ каналот „А Хабер“.
Како што рече портпаролот на турскиот претседател, Анкара од никого нема да бара дозвола за започнување на операцијата и никому нема да ги пријави резултатите од неа.
Тој рече и дека Турција нема да предупреди никого за почеток на операцијата.
„Тоа не доаѓа предвид. Турција нема обврска да информира никого за прашања во врска со нејзината безбедност. Друга работа е што може да разговара за такви операции со своите сојузници и соседи и тоа го прави“, рече Калин.
Тој исто така рече дека Турција продолжува да ја одржува комуникацијата со Сирија на ниво на специјални служби и додаде дека тоа е неопходно.
На 20 ноември Турција започна воздушни напади врз позициите на припадниците на курдската милиција ИПГ и на Работничката партија на Курдистан (ПКК) во северна Сирија, по терористичкиот напад на 13 ноември во центарот на Истанбул, кога загинаа шест лица.
Пронајдете не на следниве мрежи: