Калиопи го прослави роденденот на концертот на Жељко: Самарџиќ ѝ честиташе пред сите а ѝ даде и подарок (фото)

Во преполната МЦ Дворана се одржа концерт на поп иконата Жељко Самарџиќ, кој по третиот концерт ќе одржи уште три до крајот на оваа година во Дворана.

Како и секогаш, Самарџиќ безрезервно ѝ се предаде на публиката, а тие одговорија на истиот начин. Два и пол часа траеше забавата со фановите во неисцрпен репертоар од хитовите на познатиот пејач.

Објавена листа на најпребарувани прашања за секс на Google во 2024 година: Дали го знаете одговорот на првото?
Модерните термини поврзани со сексот понекогаш знаат да бидат збунувачки. Затоа многумина од нас се обраќаат до Google за одговори. Неколку прашања ја одбележаа 2024 година.Имено, Google изјави дека прашањето …
Бритни Спирс го прослави Божиќ со синот: Го чекаше овој момент со години, емоциите ја совладаа (фото)
Пејачката Бритни Спирс повторно се соедини со својот најмлад син Џејден за време на божиќните празници – а ѕвездата сподели видео на Инстаграм во средата за да го одбележи големиот момент.Пејачката (43) која неодамна се …

Традиционално, на Самарџиќ на сцената му се придружија неговите пријатели музичари, а вистинскиот спектакл настана кога се појави Калиопи, која го прослави својот роденден. Жељко во таа прилика и’ подари цвеќе кое ја воодушеви.

Таа ги отпеа „Црно и бело“ и познатата „Бато“, а публиката не и’ дозволи сама да ја заврши оваа задача, и ја поддржа во хор. Салата одекна и зрачеше посебна енергија, која магично ја создадоа пријателите на сцената изведувајќи го дуетот „Знам“.

И овојпат, популарниот пејач избра само хитови за публиката.

Атмосферата го достигна својот врв кога на сцената се појави гостин кого Самарџиќ го чуваше како изненадување, познатиот трубач Дејан Петровиќ – Биг Бенд. Тој и Самарџиќ го отсвиреа хитот „9000“, кој инстантно се претвори во вистински спектакл.

Жељко следната средба за дефинитивно ненаситна публика ја закажа за денес, како и два пати во сабота на 30 декември кога ќе настапи во 17 и 20 часот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.