Потпретседателката на САД, Камала Харис денеска најави нова помош за Украина во висина од 1,5 милијарди долари.
Харис, која е меѓу учесниците на дводневната мировна конференција во швајцарското одморалиште Бургеншток, истакна дека 500 милиони долари се наменети за енергетскиот сектор на Украина.
Помошта е наменета и за хуманитарни цели.
Украина меѓувреме очекува да ги добие првите ловци ф-16 за кои објави и план како ќе делуваат.
Според него дел ќе бидат во земјата, а еден дел ќе полетуваат од странски аеродроми со цел да не бидат мета на руски напади.