КАМЕНА ПЕШТЕРА, БАЗЕН И ВОДОПАД – Ѕирнете во луксузната вила на Новак Ѓоковиќ во Србија, која има и ПРИВАТНО ЕЗЕРО: Тенисерот купил 1.200 квадратни метри чист луксуз

Тенисерот Новак Ѓоковиќ со помош на семејството изгради вила во војводинското село Павловци, која со својата големина ве остава без зборови, а има директен пристап до Павловското езеро.

Оазата на мирот на Ѓоковиќ се наоѓа во живописното село Павловци, на падините на Фрушка Гора, помеѓу Ирига и Рума.

За семејството Ѓоковиќ било исклучително важно викендицата да биде изградена во природа, па избрале зеленило скриено далеку од очите на јавноста.

Идејата да се изгради оаза на мирот во Војводина е на таткото на Новак, Срѓан, кој сакал целото семејство Ѓоковиќ еден ден да се одмори на овој прекрасен имот.

Вилинската куќа на семејството Ѓоковиќ се простира на парцела од неколку хектари, а самата зграда има околу 1.200 квадратни метри.

Vila Novaka Đokovića u Vojvodini pic.twitter.com/bJh6fXVy7q— Malagaravaa (@vaskekopirinac) February 3, 2024

Оваа зграда се гради подолго време, а како изгледа може да се види на социјалните мрежи каде кружат слики од оваа луксузна зграда.

Пештерата е од камен, висока неколку метри. Внатре има пространа шуплина, а на горниот дел има скали од левата страна кои водат до тобоганот кој е од десната страна.

Во средината се наоѓа водопад, од кој водата директно се влева во простран базен. Овој објект е изграден на голема површина во горниот дел од дворот, веднаш до езерото, кое е во приватна сопственост.

Пронајдете не на следниве мрежи: