ПСЖ вчера доживеа пораз на гостувањето кај Монако во Лига 1, по што спортскиот директор Луис Кампос влегол во соблекувалната на парижаните и се скарал со Нејмар и Маркињос.
Парижаните се наоѓаат во резултатска криза, а Кампос бил бесен поради грешките на фудбалерите на теренот и решил тоа да им го кажа в лице.
„Кампос ги обвинил фудбалерите дека не играле машки и агресивно, а посебно ги посочил Маркињос и Нејмар, кои веднаш возвратиле. Овие сцени ги шокирале останатите во клубот“, пишува „Л’Екип“.
Францускиот шампион следниот меч го игра во вторник против Баерн Минхен во Лигата на шампиони (ЛШ).