Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се огласија на своите профили на социјалните мрежи, по избивањето на скандалот со обелоденување на тајната врска меѓу фудбалерот и старлетата Сораја Вучелиќ. Сопружниците поставија иста фотографија на нивните профили.
Имено, Јелена на Инстаграм стави фотографија од своите деца, каде јасно се гледа дека Ника и Атина се насмеани и среќни.
Неколку часа подоцна, истото го направи и фудбалерот, со што недвосмилено се сложи со својата сопруга.
Најновиот скандал кој се однесува на бракот Карлеуша-Тошиќ е аферата на сопругот на Јелена со Сораја, која се случувала минатата година. Фудбалерот одлепил поради старлетата па покрај скапоцените подароци ја третирал какао принцеза.
Кога се вонбрачните активности во прашање, Карлеуша повлече нога, кога на почетокот на годинава исплива на површина нејзината врска со Огњен Врањеш.