Јелена Карлеуша е веќе позната по тоа што нема влакно на јазикот, премногу зборува и навистина знае да стави некого во незгодна ситуација.
Таа веќе долго време е во жирито на познатото шоу ,,Ѕвездите на Гранд” каде ретко дели комплименти па во една прилика го пофали изгледот на Сања Кужет која важи за една од најубавите водителки на Балканот. Откако ја пофали и за нејзината работа му порача на Саша Поповиќ дека колку и да ги плаќа и Сања и Војо- малку ги плаќа.
За на крај да ја праша Сања дали е задоволна со нејзината плата на што таа одговорила:
– Мислам дека мојата насмевка зборува дека сум задоволна.