Повеќекратниот олимписки шампион, Карл Луис, ја поддржа кандидатурата на Токио за домаќин на Олимписките игри во 2020 година.Покрај Токио во конкуренција за домаќин на Игрите се Истанбул и Мадрид. Јапонската главен град еднаш веќе бил домаќин на најголемиот спортски настан на планетата во 1964 година.Луис кој е деветкратен олимписки шампион, во понеделникот го потсетил Националниот стадион, место на кое во 1991 година поставил два светски рекорда.„Имам неверојатни спомени од тоа Светско првенство, без сомнение тогаш го пружив својот максимум. Но тоа сепак не е главна причина за мојата поддршка, туку тоа што Јапонија ја посетував многу често за време на мојата кариера и тука добив најголема поддршка надвор од САД. Сигурно дека ќе бидам на ОИ во 2020 каде и да се одржувале, но јас се надевам ќе се одржат во Токио“, рекол Луис.Меѓународниот олимписки комитет, во септември, на состанокот во Аргентина ќе реши кои ќе биде домаќин на олимпијадата во 2020 година. Токио е фаворит во однос на конкурентите бидејќи поголем дел од борилиштата се изградени.
МакфаксПовеќекратниот олимписки шампион, Карл Луис, ја поддржа кандидатурата на Токио за домаќин на Олимписките игри во 2020