Касами: Не отидов на средбата со Рама за да не се повтори искуството од тиранската платформа

Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, ја смета за вистинска одлуката да не оди на средбата на партиите на Албанците од земјава со албанскиот премиер Еди Рама во Тирана.

Знаеме за големата фама што се создаде во Македонија, за фамозната тиранска декларација. Ако еднаш доживеавме такво искуство, не сакавме да се повтори, рече лидерот на Беса во гостувањето во „360 степени“ на ТВ Алсат

Касами изјави дека одлуката не била ниту  лична ниту  емотивна, туку беше одлука на органите на партијата на Движењето Беса, правејќи сеопфатна анализа на повикот, на политичкиот момент, на форматот и уште повеќе од моментот кога поканата стана и јавна.

„Имајќи го предвид и претходното искуство со таква средба, која за волја на јавноста, и првиот пат не бевме информирани дека ќе биде јавна. Знаеме за големата фама што се создаде во Македонија, за фамозната тиранска декларација. Ако еднаш доживеавме такво искуство, не сакавме да се повтори“ рече Касами.

Прашан зошто немал проблем да седне на 1 ноември кога упати покана за средба до лидерите на сите партии на Албанците, вклучувајќи го и Ахмети, лидерот на Беса одговори:

„Ние сме обврзани да седнеме со претседатели на партии воопшто во РМ за да зборуваме за решавање на проблеми. Но, не сме заинтересирани да седнеме и да наздравиме и да вечераме, бидејќи цениме дека имаме суштинска разлика во нашиот пристап, во нашето водење политика, во смислата кон тоа зошто сме во политика и зошто треба да бидеме на јавните позиции кои ги имаме“.

Пронајдете не на следниве мрежи: