„Катар ервејс“ им забрани на патниците да носат пејџери и воки-токи на летовите

По големата експлозија на пејџери во Либан, катарската авиокомпанија „Катар ервејс“ им забрани на патниците да носат пејџери во багажот.

Забраната се однесува на патниците на таа авиокомпанија на летовите од Бејрут, а е донесена во согласност со директивите на Генералниот директорат за цивилно воздухопловство на Република Либан.

„Веднаш стапува на сила: Во согласност со директивата добиена од Генералниот директорат за цивилно воздухопловство на Република Либан, на сите патници кои летаат од меѓународниот аеродром Рафик Харирл во Бејрут им е забрането да носат пејџери и воки-токи на летовите. Забраната се однесува на двата багажи, на рачниот багаж, како и товарниот и ќе важи до понатамошно известување“, соопштија од компанијата преку социјалната мрежа Х.

Пронајдете не на следниве мрежи: