Катастрофа – членството не го поддржа Мицковски при неговиот промотивен обид

Митингот кој требаше да се одржи во мај, а беше најавен во март, се одржа денеска. Како што беше најавувано од членството, околу 90 проценти од членовите на ВМРО-ДПМНЕ не се појавија на овој промотивен јунски протест на Мицковски. Имено, иако медиумите кои се во центарот за пропаганда пишуваат за 50 илјади според наши добро проверени извори на протестот се појавија едвај 12-15 илјади опозиционери, а се фрлија голема сума на пари за автобуси. Од тоа многумина зборуваа дека одат да видат сепак што ќе се каже, како и дали ќе се објави одговор зошто три месеци се одложуваше овој промотивен митинг на Мицковски. Некои едноставно паднаа на про-патриотските повици кои уследија како втор обид после првичната најава за промо-економски митинг. Па по лавината на негативни реакции се смени реториката во обид да се привлече членството како бројка, кое од денеска до некоја наредна прилика едноставно ќе биде заборавено.

Вечерва го добивме одговорот. Иако со притисоци, закани, листи и јавувања по смс и телефони директно, членството испрати јасна порака. Не излезе! Деновиве имаше јавувања насекаде при кои воспитно се најавуваше дека кога ќе дојде врхушката на власт ќе се свети на тие што не излегле. И не е мал број на сведочењата кои ги има нашата редакција од ваков тип. Членството резигнирано коментира дека ништо освен фотељи не ги интересира тие што се во опкружување на Мицковски и веќе насекаде и нашироко се зборува дека во партиските комисии се поделиле директорски места и секој си знае каде ќе си биде директор ако врхушката се добере до власт.

Едно не им оди во глава. Да се освестат дека не се на власт и да почнат да ги разгледуваат причините за тоа. Да се извинат на членството што го сметаа и сеуште сметаат за обична бројка која е потребна за митинзи и влечкање по улици. Притоа не е јасно зошто Глумец, објавениот соработник на тајните служби се истопорува цело време во прв ред иако за него постојат 99 проценти негативни реакцииМожеби затоа што е бизнис партнер во хидроцентралите на Мицковски? Спомна некој за потекло на имотот? Во јавноста се почесто се зборува дека ова е екипа која само ги покрива интересите на Миле Јанакиески. А дека оваа дружина само се затекнала на право место во право време, кога се делеле лиценците до кои обичните луѓе не можеа да дојдат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.