Катица дала еден телефон за вештачење, за вториот изјавила дека го изгубила

Обвинителството за организиран криминал од специјалната обвинителка Катица Јанева ги побарало нејзините телефони во врска со истрагата во која Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец кои беа уапсени за примање поткуп и перење пари, објави САКАМДАКАЖАМ.МК. Според порталот, кој се повикувана извори од Обвинителството, Катица Јанева не е под истрага и не ѝ бил вршен претрес.
“А1 он“, пак, објави дека по налог од Обвинителството за организиран криминал, полицијата врши претрес кај Јанева. И биле побарани мобилните телефони кои треба да бидат дадени на вештачење. Но Катица изјавила дека едниот телефон го изгубила.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.