Катица Јанева дала полномошно сите предмети на СЈО да бидат предадени на Јавното обвинителство

Loading...

Специјалната обвинителка Катица Јанева, која е во притвор во истражниот затвор во Шутка како осомничена за случајот “Рекет”, дала полномошно сите предмети на СЈО да бидат предадени на Јавното обвинителство на РСМ, потврдија од СЈО.
– Во текот на вчерашниот ден до ова Јавно обвинителство од страна на Основниот кривичен суд Скопје доставено е полномошно кое Катица Јанева преку КПУ „Затвор Скопје” го доставува до ова Јавно обвинителство. Со полномошното Јанева ги овластува обвинителите во ова Јавно обвинителство да ги предадат на Јавното обвинителство на РСМ предметите кои се водат во ова Јавно обвинителство и тоа: кривичните предмети во судење, во истрага и во предистрага, стои во соопштението објавено на веб страницата на СЈО.
Имајќи го предвид законот за СЈО и одредбите за автономија на Обвинителството, во текот на денешниот ден ќе биде испратен допис до Јавното обвнителство на РСМ со цел запознавање на Јавниот обвинител на РСМ со ваквото полномошно, по што ќе биде донесена одлука за евентуално понатамошно постапување, наведуваат од СЈО.

 

loading...