Катица Јанева е на боледување

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на 16-ти јули отворила боледување, информираат од СЈО за „Фокус“.
Обвинителката Јанева на 15 јули преку соопштение ја информираше јавноста дека поднесува оставка, се до избирање на нејзин наследник.
Истиот ден, Обвинителството за организиран криминал и корупција отвори истрага за случајот „Рекет“, по што Бојан Јовановски и Зоран Милески беа осомничени и завршија во притвор.
Истиот ден по наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција беше одземен мобилниот телефон на Катица, но засега таа не е осомничена во истрагата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.