Српскиот фолк пејач Драган Којиќ Кеба деновиве беше фотографиран на еден настан каде неговата смела комбинација ги украде сите погледи.
Кеба во комбинација на црна маица и искинат џинс, облекол црно-златни сандали од минатогодишната колекција на модната куќа Џеузепе Заноти, на кои почетната цена им била околу 650 евра.
На социјалните мрежи веднаш почнаа да се нижат реакции, па се појави и оваа фотка.
-Кога брзам на снимање на Авенџерс, а францускиот педикир не ми се исушил, пишува како опис на фотографијата од Кеба и неговите сандали.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.