Селекторот на иранската фудбалска репрезентација Карлос Кеирош изјави оти неговиот тим заслужува почит по елиминацијата од Светското првенство во Катар.
За пласман во осминафиналето на Иран му беше доволен бод од вчерашната пресметка со САД, но поразот од 1-0 го заврши Мундијалот како третопласиран во својата група.
–Сè што моите фудбалери направија заслужува респект, изјави Кеирош, алудирајќи на притисоците врз кои беа изложени поради поддршката на протестите во Иран.
„Не е лесно да се живее под закани. Еден ден сте херои, а следниот ден сакаат да ве убијат. Мораме на народот да му донесеме насмевка и среќа“, додаде Кеирош.