Ријалити ѕвездата Кејтлин Џенер (71) снимила видео снимка со својата најмладата ќерка Кајли (23).
Со неа разговарала за својата, како што рекла, најдобра одлука во животот. Пред повеќе од 5 години станала транс-жена, а претходно била позната како Брус, кој се прогласи за транс-жена на која при раѓањето ѝ бил доделен машки пол.
Кејтлин Џенер признала дека промената на полот планирала да ја направи уште на 39 години, но немала храброст. Откако го направила тоа, се развела од Крис, мајката на славните Кардашијанки, а децата ѝ биле поддршка.
„Имав 65 години. Морав да ги воспитувам децата и имав таков живот, но конечно дојде време да бидам јас и да го живеам мојот живот. Не мислев дека можам да го сторам тоа, но го сторив. А вие бевте моите најдобри пријатели, моите деца беа апсолутно прекрасни во сè“, рекла Кејтлин во разговор со Кајли.
Потоа Кајли ја прашала како се чувствува поради тоа што сè уште ја нарекуваат ‘тато’. Раскажала дека пред неколку години разговарале за тоа и дека луѓето се збунуваат кога таа и сестра ѝ Кендал Џенер (35) ја нарекуваат тато, бидејќи тоа повеќе не е полот со кој Кејтлин се идентификува.
„Некои луѓе ми велат: ‘Ти си мајка’. Не, не сум, јас сум татко. Ќе бидам татко сè додека не умрам“, рекла Кејтлин, која има шест деца. Освен Кајли и Кендал, која ги добила во брак со Крис Џенер (65), од претходните врски ги има синовите Барт (42), Брендон (39), Броуди (37) и ќерката Касандра (40).