Кејт и Вилијам објавија нова фотографија: Барем некој има достоинство

Фотографијата е направена во текот на летните месеци, додека семејството се шета низ имото на нивниот дом во Анмер Хол, Норфолк.
Обожавателите на социјалните мрежи веднаш реагираа за фотографијата.

„Шарлот е копија на кралицата“, „Шарлот расте во убавица. Во неа ги гледам кралицата и Дијана“, „Мислам дека Шарлот многу личи на кралицата“, забележаа дел од следачите.
Сепак, многумина ја искористија приликата да ја коментираат документарната серија на Хари и Меган на Netflix, во кој остро го критикуваат кралското семејство, особено кралот Чарлс и принцот Вилијам.

Кејт и Вилијам објавија нова фотографија: Барем некој има достоинство

„Одлична фотографија. Само продолжете со вашите должности – никогаш не се жали, никогаш не објаснувај“, „Вака се однесува вистински принц“, „Мило ми е што барем некој во семејството има достоинство“, „Убави и достоинствени, каква разлика од оние двајцана“, продолжуваат коментарите.
На друга објава, целото семејство е собрано за Божиќ во црква.

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл објавија документарна серија од која очекуваат огромна заработка.
Со тоа што го изјавија во шесте епизоди на серијата ја шокираа јавноста, а многумина веруваат дека на тој начин всушност го изневериле и предале кралското семејство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.