Киднаперите го запалиле возилото со кое го возеле Самоил, „Опелот“ е најден во Драчево

Киднаперите го запалиле „опелот“, со кој што го возеле внукот на Љубе Бошкоски, Самоил.

Таа вели дека имаат сознанија оти возилото со кое бил грабнат, по три дена било пронајдено запалено во Драчево, но очекуваат институциите да им објаснат што точно се случило.
„Не загрижува неажурноста на надлежните да се пронајде мојот сопруг. Меѓудругото колата со која е извршено киднапирањето после три дена е пронајдена запалена во атарот на селото Драчево. Се што беше направено досега не доведе до пронаоѓање на Самоил. Шпекулирање имаше дека имал проблем, но дома ништо не кажал… Молам да ни се помогне да се пронајде, се молиме дека е жив, кој и да го видел, секоја информација ни е добредојдена, изјави Орхидеја Костадиновски

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.