Киев: Најмалку 480 деца се убиени од почетокот на војната

Најмалку 480 деца се убиени од почетокот на војната, соопшти украинското државно обвинителство.
Оттаму додаваат дека од почетокот на руската инвазија на Украина, повредени се 968 деца.

Последните податоци покажуваат дека се евидентирани 86.237 злосторства на агресија и воени злосторства, заедно со 17.123 злосторства против националната безбедност.
Двете кривични дела претставуваат прекршување на Женевската конвенција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.