КИЕВ ПОДГОТВУВА НАПАД НА КРИМ Подољак: Таму има голем број магацини, затоа ни требаат проектили и авијација

СОВЕТНИКОТ на украинскиот претседател Михаил Подољак изјави дека откако Киев се договорил со Западот за набавка на тенкови, следниот чекор е да се постигне договор за набавка на авијација и ракети кои се потребни за напад на Крим.

КИЕВ ПОДГОТВУВА НАПАД НА КРИМ Подољак: Таму има голем број магацини, затоа ни требаат проектили и авијација

Како што рече, станува збор за ракети со долг дострел кои би можеле да ја уништат руската инфраструктура лоцирана зад линијата за демаркација, а пред се магацини со артилериско оружје и муниција.

  • Многу голем број од тие магацини се наоѓаат на Крим, затоа ни се потребни тие проектили, но и авијација – посочи Подољак.

Тој исто така рече дека на Украина и се потребни меѓу 350 и 500 тенкови и дека периодот на испорака на тие тенкови треба да биде што е можно пократок – до два месеци.

  • Се надевам дека сите разбираат дека секој ден што минува е ден што го плаќаме со крв. Затоа сè треба да се случи многу побрзо – додаде тој.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.