Ким Кардашијан треба да се породи во почетокот на јули (или јуни, според некои медиуми), поради што се повеќе се плаши дека нема да успее да си го врати телото во посакуваната форма, бидејќи не може да престане да јаде. Еден извор близок ѕвездата изјави дека Ким излудува поради нејзиниот изглед.
Таа секогаш играше на својот сексипил, затоа сега ја застрашува можноста дека нема да успее да ја врати саканата телесна тежина и линија кога ќе се породи – вели изворот.
Изворот додава дека Ким е невротична поради својот изглед, бидејќи нејзината тежина за само една недела се качи на 3 килограми.
– Скоро рече дека се здебелила дури и под пазувите и не знае што и се случува. Таа знае дека ќе мора нешто да преземе, затоа што нејзиното тело е сè што има. Благодарение на нејзиното тело таа прави пари, благодарение на него направи империја, и се плаши дека тежината ќе продолжи да расте и дека никогаш нема да успее да ја симне. Колку и да е свесна за последиците, таа едноставно не може да престане да јаде, а поради тоа е огорчена.
Сепак, и покрај проблемите кои ги има со тежината, Ким неодамна рече дека ужива во бременоста.
– Чувството кога бебето се движи во стомакот и кога ќе те клоцне е неверојатно. Ми беше тешко на почетокот, но тој период помина и сега ми е баш убаво и едноставно уживам – изјави таа за Е! Вести.Ким Кардашијан треба да се породи во почетокот на јули (или јуни, според некои медиуми), поради што се повеќе се плаши