Кина категорички ги отфрли во средата извештаите на американската компанија за информатичка безбедност која ја обвини кинеската армија за информатичко пиратство и хакерски напади врз американските владини агенции, медиуми и компании.Тврдењата на американската компанија „Mandiant“, се без основа изјави Генг Јаншенг, портпарол на кинеското министерство за одбрана.Американската компанија за информатичка безбедност „Mandiant” претходно во вторникот дека спроведувајќи повеќе од стотици истраги во последните три години дека организациите коишто на интернет хакерски ги нападнале интернет ресурсите на американската администрација, американските компании и американските медиуми „имаат седиште главно во Кина, како и дека кинеската влада во целост е запознаена со нивните активност.Компанијата „Mandiant”, којашто инаку е ангажирана за совети од областа на информатичката безбедност од страна на американската влада тврди дека зад нападите стои „Единицата 61398„ којашто е во составот на кинеската армија и нејзиното седиште е во Шангај.Од компанијата тврдат дека „Единицата 61398″ украла стотици терабајти податоци од најмалку 141 организација во светот од 2006 година досега. Поголемиот број жртви на овие напади се од САД, а помал број се од Кина и од Велика Британија.Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама ги запозна највисоките функционери во владата на Кина, вклучително и воените функционери, со загриженоста поради хакерските напади кои доаѓаат од Кина, соопшти во вторникот Белата куќа.„Можам да потврдам дека повеќапати со нашата загриженост ги запознавме највисоките кинески функционери, вклучувајќи ги и воените, и дека тоа и натаму ќе го правиме”, изјави портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни, на вообичаениот брифинг со новинарите во вторникот.Тој не сакаше да ги коментира деталите од извештајот на „Madiant” дека зад нападите стои „единицата 61398″ која е во составот на кинеската армија и има седиште во Шангај.„Сајбер нападите по природа се транснационални, анонимни и лажливи, има многу несигурност за нивното потекло. Да се потпира само на IP адресите (единствените бројни ознаки на компјутерите) за да се заклучи дека тие напади доаѓаат од Кина, го покажува незнаењето на основните технички правила“, соопшти кинеското министерство за одбрана преку својот портпарол Јаншенг.
Макфакс Кина категорички ги отфрли во средата извештаите на американската компанија за информатичка безбедност кој