Кина го гради најголемиот аеродром на светот кој некогаш бил изграден на вештачки остров. Меѓународниот аеродром ќе се вика Џинжу Беј, а ќе покрива остров од 20 квадратни километри со четири писти и патнички терминал од 900.000 квадратни метри, јавува Си-Ен-Ен.
Аеродромот ќе биде лоциран во Далиан, кој има 7,5 милиони жители.
Аеродромските оператори имаат за цел да превезуваат 80 милиони патници и 540.000 летови годишно, со првите полетувања во 2035 година.
Изградбата на овој аеродром ќе ги надмине меѓународниот аеродром во Хонг Конг од 12,48 квадратни километри и меѓународниот аеродром Кансаи во Јапонија од 10,5 квадратни километри, кои исто така се изградени на вештачки острови.
Инаку, моментално најголемиот аеродром во светот е новиот аеродром во Истанбул со шест одвоени писти, капацитет од 500 авиони, паркинг за 70.000 возила и аеродромска зграда од 1,3 милиони квадратни метри.