Кина стаса на МЕСЕЧИНАТА

Loading...

Кина стана втората држава во историјата која го постави своето знаме на Месечината, 50 години по САД. Слики од кинеската Национална Вселенска Администрација го покажуваат мирното црвено знаме на површината на Месечината.

Сликите од знамето биле фотографирани со камерите на вселенската сонда „Чанг’e 5“, именувано според кинеската божица на Месечината.

Сондата на Земјата ќе донесе и примероци од месечевите камења, која ќе биде првата таква колекција во последните четири декади.

Кина инвестираше милијарди во својата вселенска програма која е водена од страна на воените сили, а државата се надева дека ќе има и сопствена населена вселенска станица и ќе испрати луѓе на месечината во 2022.

Научниците се надеваат дека примероците ќе помогнат во проучување на потеклото на Месечината, нејзиното формирање, како и вулканската активност на нејзината површина.

Доколку враќањето на сондата е успешно, Кина ќе стане третата земја во светот која поседува камења од Месечината, веднаш по САД и Советскиот сојуз во 1960 и 1970. Ова е прв обид за земања на примероци, по оној на Советскиот сојуз со мисијата „Луна 24“ во 1976 година.

Кинеската сонда собра два килограми материјал од претходно неистражена област позната како „Океан на бурите“, пренесува научното издание „Природа“.

Според НАСА, примероците ќе бидат вратени на Земјата во капсула програмирана да слета во северниот дел на Кина, односно регионот Внатрешна Монголија.

За време на мандатот на претседателот Си Ѓинпинг, државата е максимално посветена на остварување на „вселенскиот сон на Кина“. Пекинг се обидува конечно да биде рамноправен со САД и Русија после долги години.

Кина го лансираше својот прв сателит во 1970 година. Вселенските патувања со човечки екипаж стапија на сила многу подоцна, кога Јанг Ливеи стана првиот „тајконаут“ во 2003 година.

Кинескиот месечев ровер се спушти на темната страна на Месечината во 2019 година, што беше прв глобален потфат од таков вид. Успешната мисија ги поттикна плановите на Кина за станување на вселенска велесила.

Кинеските тајконаути размислуваат и за астронаутски кинески екипаж во мисии на Марс.

САД го постави своето знаме на месечината за време на мисијата „Аполо 11“ во 1969 година. Оттогаш, САД постави уште пет свои знамиња на месечината.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...